Facebook користи програма која штити милиони ВИП корисници и ги ослободува од стандардната процедура за модерирање на содржината.

Според The Wall Street Journal, Facebook користи програма наречена XCheck, односно „cross check“ која служи за тоа ВИП листата на корисници да не би подлежела на стандардните процедури за модерирање што Facebook ги применува за сите содржини. Добро, не баш сите.

ВИП профили

XCheck работи преку создавање на специјални правила за уредување на содржината на милиони ВИП сметки на мрежите на Facebook и Instagram, покажа внатрешната преписка на компанијата.

Ако користите Facebook и Instagram, исто така треба да знаете дека постојат правила чие прекршување автоматски повлекува отстранување на спорната содржина. Овие проверки се потпираат на вештачка интелигенција или човечки модератори кои проверуваат содржини што може да бидат контроверзни.

Од друга страна, корисниците кои се наоѓаат на XCheck листата имаат многу полабави правила, па дури и ако објават содржини што не се баш според правилата на овие мрежи, тоа не значи дека ќе бидат отстранети. Наместо тоа, Facebook има специјална група на посебно обучени модератори кои се занимаваат со уредување на содржината на ВИП корисниците.

Речиси шест милиони заштитени корисници

Според документацијата што се појави, Facebook имал најмалку 5,8 милиони ВИП корисници во 2020 година. На листата се наоѓа и бразилскиот фудбалер Нејмар, кој во 2019 година на својот Facebook профил објави гола слика од девојката која го обвини за силување. Да беше некој друг кој е надвор од ВИП листата за која станува збор, таквата содржина ќе беше веднаш отстранета, но XCheck го заштити Нејмар од интервенција.

Содржината потоа сепак беше отстранета, но дури откако ја видоа 56 милиони корисници на Facebook и Instagram.

Извор: Mondo.rs