Поседувањето скап и луксузен автомобил е еден од начините да го покажете своето богатство.

За некои луѓе самото купување на скапо возило не е доволно, па сакаат дополнително да нагласат дека поседуваат ексклузивен автомобил. По купувањето се обидуваат да го персонализираат за да го направат уште поуникатен.

И додека некои се свртуваат кон тјунерите за надградба на возилата, други избираат малку поинакви промени. Како, на пример, покривање на каросеријата со фолија со впечатлива боја.

Очигледно, автомобил како Rolls-Royce Cullinan се издвојува сам по себе. Сепак, тоа не беше доволно за сопственикот на примерокот прикажан во приложеното видео. Решил да го завитка во неговата омилена боја – златна.

За оние кои сепак се повеќе фасцинирани од спецификациите на ваков автомобил, потсетуваме дека под хаубата на Cullinan се крие 6,75-литарски V12 twin-turbo.

Моторот произведува 571 КС (420 kW) и развива максимален вртежен момент од 850 Nm при само 1.600 вртежи во минута. Силата се пренесува на сите тркала, а Cullinan е опремен и со систем за управување со 4 тркала.

Максималната брзина на тешкиот теренец од 2.660 килограми е електронски ограничена на 250 km/h, а почетната цена на автомобилот е дури 325.000 долари.