Google во претходните години во голема мера се фокусираше на ажурирањата, кога е во прашање Android платформата. Компанијата правеше напор аќурирањата да ги направи полесни за поддршка од производителите на телефоните.

Двете најголеми иницијативи на ова поле се Projects Treble и Mainline, кои се дизајнирани да бидат помодуларни и да го поедностават процесот на ажурирање на Android. Јасен доказ на овие напори на компанијата Google е Android 11, кој забележа најбрзо прифаќање меѓу сите верзии на оперативниот систем досега.

Доколку се последнат двете последни верзии на Android, деновите на радикални промени на корисничкиот интерфејс се зад нас, a ова е заменето со практични елементи на дизајнот како што се приватноста и можностите за користење. Се очекува дека Android 12 ќе ја подигне летвичката на ново ниво кога е во прашање долгорочната софтверска поддршка, што ќе ја олесни транзицијата на Android 13.

Android 12 веројатно ќе биде „најлесната“ годишна верзија на Android, која на партнерите на Google ќе им достапна за надградба, а Android 13 веројатно ќе биде уште поедноставен.

Останува да се види на кој начин Google ќе успее да ги имплементира своите напори во тоа . идните Android ажурирања да не бидат голема точка на разликување помеѓу брендовите. Како што се повеќе производители учествуваат во официјалните developer preview верзии на Google, јасно е дека притисокот е на компаниите да ги задоволат потребите на корисниците и да ги поддржат своите производи на задоволителен начин.

Прв увид во Android 12 верзијата што ќе пристигне оваа година (ФОТО)