Жителите на Сингапур на задолжителното физичко дистанцирање од денеска ги потсетува и едно куче-робот, произведен од компанијата „Бостон дајнамикс“. Тестирањето на роботот ќе трае две седмици.

– Да го одржиме Сингапур здрав! Поради ваша безбедност и безбедноста на оние во вашето опкружување, ве молиме бидете на меѓусебно растојание од најмалку еден метар, со женски глас, на англиски јазик предупредува ова жолто-црно куче-робот. Освен тоа, роботот е во можност со помош на камери и аналитички алатки да го проценува бројот на посетители во паркот, каде што беше тестиран денеска, да ги предупредува посетителите да не се задржуваат кај акумулациското езеро и дека собири не се дозволени.

Во Сингапур досега се евидентирани 21.707 инфицирани со новиот коронавирус и 20 смртни случаи.