Microsoft и LinkedIn го одложија на неопределено време враќањето на вработените во канцеларии и со полно работно време поради пандемијата на Ковид-19, што беше планирано за 4. октомври, објави американската софтверска корпорација на своите веб-страници.
„Планиравме 4 октомври да биде првиот можен датум за целосно отворање на седиштето на Мајкрософт во Редмонд и многу други работни места во САД, но како што им кажавме на нашите вработени, ги сменивме тие планови поради неизвесноста со Ковид-19. Решивме дека нема да се обидеме да предвидиме нов датум за целосно отворање на нашите работни места во САД“, објави Microsoft.
Се очекува вработените да се вратат на работа во канцелариите кога тоа ќе биде можно да се направи „безбедно, следејќи ги упатствата за јавно здравје“, се наведува во соопштението.
Освен тоа, Microsoft најави 30-дневен преоден рок, кој ќе им даде време на вработените да се навикнат на работа во канцеларија, како и да одржат флексибилен пристап кон работата.
Поврзани артикли