Кога јапонскиот производител го претстави Vision Coupe, многумина овој концепт го прогласија за најубава лимузина во светот.

Тоа беше во октомври 2017. Оттогаш поминаа четири и пол години, а убавата купе-лимузина не се појави на патиштата. Судејќи според најновите информации, и нема.

Има само еден виновник – неговото име е напишано со три големи букви. Погодувате, тоа е SUV и огромна побарувачка за овој тип на возила, а профитот е важен и секогаш ќе биде на прво место.

Тоа го потврди и шефот за развој на Mazda за Европа, кој во интервју за британскиот Autocar изјави дека „важно е да продаваме теренци“. Тој, сепак, призна дека „би било многу убаво да се има модел со мотор поставен напред, погон на задните тркала и мотор со шест цилиндри како наследник на Mazda 6 или некое големо купе“.

Би било убаво, но засега нема да се случи. Актуелната ситуација во автомобилската индустрија и зголемената побарувачка за SUV модели го замрзнаа проектот на новата Mazda 6, барем во првично замисленото издание кое би можело да му конкурира на германското премиум трио.

Заборавете на ротациониот мотор како погонска единица. Имено, тој ќе опстои исклучиво како додаток за зголемување на автономијата на моделите со електричен опсег, т.н. продолжувач на опсегот, и ќе може да работи исклучиво како генератор на струја. Очекувајте го тоа на новиот MX-30.

Од друга страна, добрата вест е дека MX-5 ќе остане верен на оригиналот, вистинска модерна класика.

За Mazda 6 веќе не се зборува. Како што одминува времето, шансите за четвртата генерација се се помали.