Американската компанија Facebook најави создавање на посебен центар за информации за климата „Информативен центар за климатски науки“ (Climate Science Information Center), кој на корисниците ќе им обезбеди ажурирани и веродостојни податоци за климатските промени во светот.

Ова се наведува во соопштение за медиуми на компанијата, објавено на нејзината веб-страница.

– Една од најважните лекции што ги научивме од пандемијата на COVID-19 е колку Facebook има широки можности да им обезбеди на клиентите точни, стручни совети и информации за време на глобална криза. Сега преземаме сличен пристап кон климатската криза со лансирање нов информативен центар за климатски промени на Facebook, со цел корисниците да можат да добиваат сигурни и ажурирани информации за климата, се вели во соопштението на компанијата.

Новата услуга е посебен информативен простор на Facebook, кој содржи фактички и статистички податоци од водечките меѓународни климатски рганизации како што се Светската метеоролошка организација, Програмата за животна средина на ОН, Националната управа за океани и атмосфера на САД и многу други. Покрај тоа, со посета на информативниот центар, корисниците ќе се информираат за практичните чекори што можат да ги направат во нивниот секојдневен живот за борба против климатските промени.

Во исто време, се потенцира дека центарот ќе работи по принципот на работа на веќе постоечката услуга на Facebook (Информативен центар COVID-19), кој на клиентите им обезбедува ажурирани информации за пандемијата на коронавирусот. Новиот информативен центар за климатски промени ќе биде достапен за жителите на САД, Обединетото Кралство, Германија и Франција. Во иднина се очекува да биде објавен и во други земји низ светот.