Конечно е објавен првиот официјален трејлер за четвртиот дел од научно-фантстичната сага Matrix.

Фановите со нетрпение го чекаа првиот трејлер, и со тизер веб-страницата WhatIsTheMatrix.com која понекогаш открива куси инсерти, може да се каже дека фановите беа доволно трпеливи.

Со официјален поднаслов The Matrix Resurrections, филмот е ново продолжение на трилогијата Matrix, а во него, Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ги повторуваат своите улоги како Нео и Тринити.

Филмот треба да се појави во кинo салите на 22. декември 2021 година.