Се очекува дека Apple на 14. септември ќе ја претстави iPhone 13 серијата телефони. Тоа значи дека следната година не очекува iPhone 14 серијата, а сега веќе се појавија првите рендери за iPhone 14 Pro Max моделот.
Дизајнот од фотографиите покажува дека Apple подготвува значајни измени во однос на она што компанијата досега го користеше на своите телефони. Се издвојуваат две поголеми промени во дизајнот. Во прашање е исфрлање на препознатливиот засек во екранот, кој сега го менува центрираниот punch-hole отвор за селфи камерата, додека на задната камера нема испакнување за системот на камери, кој сега е израмнет со остатокот на задната страна на уредот.
И покрај фактот дека засекот во дисплејот е отстранет, тоа не значи дека Face ID е отфрлен. Изворите сугерираат дека останатите сензори ќе бидат поставени под дисплејот, а останува да се види дали овие наводи ќе се остварат.
Видлива е метална рамка, а се очекува да биде креирана од титаниум (што беше споменато во претходните гласини). Дизајнот е многу сличен на iPhone 4, со тркалезни копчиња за јачината на звук. Портот на долната страна се уште е Lightning, така што фановите на USB-C и натаму мораат да чекаат на имплементацијата на оваа поддршка.
Рендерите ги креираше дизајнер, врз основа на скиците и информациите што ги обезбедија неименуваните извори. Некои информации за iPhone 14 Pro Max веќе се појавија претходно, а сугерираа 6,7-инчен екран и 48MP главна камера (12MP фотографии и 8К видео).
Поврзани артикли