Апликацијата WhatsApp во сопственост на Facebook, според податоци за најмногу преземани апликации минатата година, влезе во Топ 5, а за да остане на таа позиција, постојано работи на подобрување.

Атрактивноста на оваа платформа за пораки беше донекаде доведена во прашање откако претходно годинава воведе нови правила за користење, како што е споделување податоци со Facebook. Многумина тогаш најавија бојкот на WhatsApp.

Во меѓувреме, со цел да им обезбеди на своите корисници уште подобро комуникациско искуство, WhatsApp ја подобри опцијата last seen односно последните активности. Досега, корисниците можеа да одберат – everyone (секој), my contacts (само контактите), или nobody (никој).

WhatsApp автоматски ќе ги брише пораките по 24 часа, а еве што нуди новата опција.

WhatsApp наскоро ќе ви дозволи да го скриете last seen од одредени контакти.

Корисниците сега ќе можат да изберат my contacts except („моите контакти освен“) и на тој начин да изберат кој од листата контакти може да види кога последен пат биле активни.

Kорисниците сега ќе можат да го сокријат својот last seen WhatsApp статус од одредени луѓе. Статусот „последен пат виден“ се наоѓа на врвот на разговорот, под името на лицето. Тоа ви го кажува времето кога лицето последен пат било видено на Интернет или кога последен пат било активно.