Оваа есен, OnePlus не само што ќе лансира нов смарт телевизор, туку очекуваме да ја продолжи традицијата и да објави ажурирана верзија на своите актуелни флегшип смартфони, OnePlus 7 и 7 Pro.

Се очекува OnePlus 7T и 7T Pro да бидат претставени на 26 септември со првиот ТВ уред на компанијата, а додека чекаме на официјалната премиера, @OnLeaks и страницата Pricebaba покажаа рендери врз основа на цртежи на CAD од производители на додатоци. @OnLeaks посочува дека OnePlus 7T ќе има и специјално издание во соработка со McLaren.

Според овие рендери, OnePlus 7T ќе има димензии од 161,2 x 74,5 x 8,3 mm, а на задниот панел ќе биде додадена и тројна главна камера со хоризонтална ориентација во кружна зона, што ќе биде надградба над двојната во OnePlus 7.

Задниот панел е позаоблен и изработен од стакло, а во дисплејот (најверојатно AMOLED) со дијагонала од 6,5-инчи има „teardrop“ пресек за предната камера и можеби сензор за отпечатоци.

На дното има слот за SIM, звучник и USB-C порт. Очекуваме уредот да користи Snapdragon 855+ чипсет во комбинација со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.