Samsung неодамна го претстави Galaxy A14 5G, кој нуди 5G поврзување по прифатлива цена. Но, за оние на кои не им е гајле за 5G, или за пазари каде мрежата сè уште не е достапна, наскоро доаѓа 4G варијанта.

Сега се појави нов извештај, кој ги наведува спецификациите, дизајнот и цената на телефонот Samsung Galaxy A14 4G.

За оние кои не сакаат да платат околу 1000 евра за новиот премиум модел Galaxy S23, Samsung наскоро во својата понуда ќе го претстави евтиниот модел Galaxy A14 4G.

Како што објави Winfuture, Galaxy A14 4G ќе биде во голема мера ист како моделот 5G, но со неколку разлики во спецификациите. Така ќе користи octa-core MediaTek Helio G80 процесор наместо Exynos 1330 чипот.

Процесорот е комбиниран со 4 GB RAM и 64 GB или 128 GB простор за складирање податоци (може да се прошири до 1 TB преку microSD картичка).

Телефонот ќе има 6,6-инчен PLS LCD панел, со резолуција од 2408 × 1080 пиксели, стапка на освежување од 60 Hz и осветленост од 480 nits. Сè ќе се напојува од батерија од 5000 mAh.

Кога станува збор за камерите, има главен сензор од 50 MP, ултра широк сензор од 5 MP и макро сензор од 2 MP. На предната страна има селфи камера од 13 MP.

Samsung Galaxy A14 4G во Европа треба да се појави на крајот на март, по почетна цена од 200 евра.