Кинескиот бренд OnePlus објави дека ќе издаде верзија на својот следен модел (OnePlus 6) во стилот на The Avengers. Засега нема официјална информација на кој датум ќе биде презентиран новиот телефон, но знаеме дека филмот The Avengers Innity War ќе биде премиерно прикажан на 27 април (во Скопје уште на 25-ти април). Овој модел е работен во соработка со Disney (кои ги имаат авторските права за филмот), а ќе биде пуштен во продажба во Индија.

Се очекува новиот модел да го користи Snapdragon 845 процесорот, да има 8GB работна меморија и 256GB внатрешна меморија. Минатата година OnePlus издадоа верзија за моделот OnePlus 5T во стилот на Star Wars, што коинцидираше со премиерата на последниот Star Wars филм – The Last Jedai.