Слушалките Samsung Galaxy Buds2, кои се веќе во фаза на масовно производство, сега се најдоа на FCC сертификат што дополнително потврдува дека наскоро ќе бидат претставени.

FCC листингот ни дава увид во самите слушалки и нивната футрола за полнење, фотографиите, како и информациите за карактеристиките. Galaxy Buds2 пристигнуваат како замена за Galaxy Buds / Buds + линијата на TWS слушалки.

Делува дека новите слушалки имаат два микрофони (надворешни и внатрешни), како и IR сензор за детекција во текот на носењето. Дојавувачот Ice Universe сугерира дека Buds2 ќе имаат и ANC поддршка.

FCC открива и информации за футролата на слушалките (EP-QR177), која ги дели функциите со футролата за Galaxy Buds Pro, со поддршка за полнење од 2,5 W (5v * 500mA).

Постои можност Samsung да ги претстави Galaxy Buds2 во јули, заедно со Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 или во август кога Buds моделите традиционално се објавуваат.