По низа проблеми и одложувања, се ближи лансирањето на вселенскиот телескоп James Webb на NASA. Американската вселенска агенција потврди дека ги извршила последните тестови.

NASA соопшти дека во тек се подготовките за лансирање на нов вселенски телескоп и дека тој ќе биде транспортиран до Куру во Француска Гвајана, од каде што ќе биде лансиран во вселената. Подготовките за транспортот ќе бидат објавени во септември.

 

Откако ќе пристигне на дестинацијата ќе се изврши инспекција на евентуалната штета при транспортот, а потоа инженерите ќе го спојат сателитот со ракета на Европската вселенска станица. Последниот чекор подразбира лансирање во вселената. Тимот што стои зад сателитскиот проект се состои од неколку илјади научници, инженери и други професионалци.

Откако ќе заврши лансирањето, летот ќе трае 26 минути, а James Webb ќе се одвои од ракетата и автоматски ќе ја расклопи својата низа соларни панели. Потоа следува патување до избраната локација во орбитата, што ќе трае повеќе од еден месец. На крајот, сончевиот штит ќе се отвори. Sevkupno, на телескопот ќе му требаат околу шест месеци за да започне со работа.

 

Извор: Klix.ba