Еден корисник на Reddit на Google Maps пронашол ‘чудна црна дупка’ сред Тихиот океан, што предизвикало дебата што е всушност тоа – дали е навистина дупка, вулкан, воена база или пак премин во нов свет?

Се ределе разни теории за чудната црна дупка, а всушност тоа место постои и се вика Восток – ненаселен корален остров во состав во Карибати, североисточно од Нов Зеланд.

Откако фотографијата од островот почнала да се споделува на интернет, луѓето дебатираат за тоа дали станува збор за тајна воена бава и заклучиле дека од некоја причина тој остров изгледа цензурирано.

До теоријата за воена база дошле поради претходните докази дека Google Maps ги замаглуваат чувствителните географски локации како што се воени бази, затвори или острови кои се користат за нуклеарни тестирања.

Некои корисници го искажале своето мислење:

„Што по ѓаволите е тоа? Воопшто не изгледа како остров“, „Мојата прва мисла е дека островот е цензуриран. Нема поента природна формација да биде толку црна“, „Можеби тоа е подземен вулкан кој предизвикува црнило, освен ако не станува збор за дупка. Веројатно станува збор за магнетни карпи“, се дел од коментарите.

Некои велеле дека оваа дупка го поврзува реалното со измислениот универзум, односно дека станува збор за остров од телевизиската серија „Lost“. Потоа еден корисник објаснил за што се работи.

Извор: B92.net