OnePlus минатиот месец ги претстави Buds Pro TWS слушалките, а ова е трет пар TWS слушалки од оваа компанија и прв модел што пристигнува со поддршка за ANC (активно поништување на бучавата) и цена од 149 евра. Сега се сугерира дека OnePlus работи на „лајт“ верзија на Buds Pro слушалките, која ќе има пониска цена.

До оваа информација дојде дојавувачот Max Jambor, кој тврди дека „лајт“ верзијата на Buds Pro слушалките ќе има ANC поддршка. Тој не ја открива цената ни датумот на објава на овој модел, но би можеле да ги видиме слушалките со OnePlus 9 RT, чија објава може да следува во октомври.

Оригиналниот OnePlus Buds Pro модел има динамични драјвери од 11мм, IP55 сертификат за отпорност на вода, Dolby Atmos и LHDC поддршка, како и 91ms. Исто така, постои поддршка за Warp Charge и опција за безжично полнење со Qi-сертификуван адаптер.

Се очекува дека некои од овие карактеристики ќе бидат имплементирани и кај OnePlus Buds Pro lite моделот.