Долгоочекуваниот Samsung Galaxy S21 FE се појави на неколку 3D модели, кои ги објави Еван Блас. Дојавувачот ни понуди увид во белата, зелената, сивата, виолетовата и сината верзија на Galaxy S21 FE телефонот од сите агли. Секој од споменатите модели можете да го видите на овој ЛИНК.

Очекувано, дизајнот на уредот ги следи стапките на Galaxy S21 серијата со голем камера модул на задната страна, кој се спојува со рамката на телефонот. Разликата е во тоа што во случајот со FE варијантата, задната боја и модулот на камерата делат иста комбинација на бои.

Врз основа на најновите достапни информации, Galaxy S21 FE ќе користи 6,4-инчен Super AMOLED дисплеј со 120Hz стапка на освежување, ќе го покренува Snapdragon 888 / Exynos 2100 чипсет и ќе има 8GB RAM и 128GB/256GB простор за складирање.

Системот на камери одзади ќе има 32MP главен сензор, 12MP ултра-широк и 8MP телефото модул. Батеријата од 4500mAh ќе поддржува брзина на полнење до 45W.