„Хонор 10“ се очекува да го има истиот чипсет „Кирин 970“, каков што има и во предводникот „Хуавеи П20“.

Покрај тоа, подружницата на „Хуавеи“ планира да се потпре на фотографските можности на моделот, додавајќи двојна задна камера од 20 мегапиксели со посебна функција.

За споредба, двојната камера на „Хуавеи П20“ има сензор од 20 и 12 мегапиксели.

Оваа функција го носи името „semantic image segmentation mode“, зад која се крие систем за откривање на неколку специјални објекти во иста слика. Ова е овозможено благодарение на капацитетот за вештачка интелегенција на „Кирин 970“, кој ги препознава објектите како што се планини, плажи, снег, животните и друго.

Новиот алгоритам ја проширува оваа можност понатаму, дозволувајќи и на камерата да препознае повеќе од еден ваков посебен објект во рамките на ист кадар.

Кога ги идентификува објектите, софтверот мора точно да ја процени нивната локација и да обезбеди дополнителни ефекти и поставки. Во мрежата се појави и примерна панорамска фотографија што го илустрира процесот.

Идејата е слична на она што „Гугл“ го прави со своите „ДипЛаб-в3 +“ алгоритми за сегментација. Спротивно на тоа, сепак, решението „Хонор 10“ ќе работи офлајн и нема потреба од мрежна конекција, бидејќи целата обработка се одвива во телефонот.

Надвор од фото-можностите, „Хонор 10“ има 5,5-инчен „ФулВју“ дисплеј, до 6 гигабајти РАМ и 256 гигабајти внатрешна меморија.

Официјалната промоција се очекува на 19 април.