Oppo го претстави A93s 5G телефонот кој претставува помала надградба на A93 5G моделот. Главната разлика e во чипсетот, па така новиот модел користи MediaTek Dimensity 700 чип.
A93s 5G има 6.5-инчен LCD екран, со 90Hz стапка на освежување и FullHD+ резолуција. Во punch-hole отворот е сместена една камера од 8MP (f/2.0) за селфи и видео повици.
На задната страна се наоѓа главна камера од 48MP, заедно со 2MP сензор за длабочина од 2MP и макро сензор. Дизајнот на камерите е малку изменет и тие се распоредени во форма L, а под нив е сместен LED блиц.
Капацитетот на батеријата остана 5000mAh, а A93s 5G користи 18W адаптер за полнење. Oppo нуди полнач 9V/2A во пакетот.
За софтверскта поддршка на телефонот е задолжен Android 11 sa ColorOS 11 интерфејс, а тука се и dual 5G standby, како и најновите Bluetooth и Wi-Fi стандарди.
Oppo A93s 5G е достапен во варијанта со 8GB RAM и 256GB простор за складирање, во црна, сина и бела боја.
Поврзани артикли