Новата руска технологија за реконструкција на соништата им помага на пациентите да се опорават од мозочен удар и коронавирус.

Ова за РИА „Новости“ го изјави Владимир Конишев, генерален директор на компанијата „Неуроботикс“ (Нейроботикс) и учесник во профилниот сојуз NeuroNet на Националната технолошка иницијатива.

Според него, компанијата создала неврогарнитура која е поврзана поврзана со апликација во телефонот или со програма во компјутерот. Гарнитурата ги доловува сигналите на електроенцефалограмот, ги обработува податоците за активноста на мозокот земени од површината на главата и на тој начин добива информации за состојбата на мозокот. Оваа технологија може да се користи и за реконструкција на соништата. Имено, активноста на мозокот продолжува во сон, така што е можно да се препознае каков вид на соништа сонувал човекот.

Оваа технологија може да се примени во многу области. На пример, сега на пазарот интензивно се нудат невротренинзи за опоравување после коронавирус.

„Тоа се психолошки тренинзи насочени кон обновување на состојбата на длабока опуштеност (состојба во која организмот добро се опоравува – таквиот ефект се постигнува преку долгогодишно практицирање медитација). Проектот може да се искористи и за неврокорекција на деца со аутистичен спектар и други проблеми во развојот“, додава Конишев.

Извор: Russia Beyond