OnePlus минатата година го претстави својот Nord под-бренд, но се чини дека компанијата сè уште не се одлучила за уникатен систем за именување на уредите во рамките на оваа линија. Дојавувачот Max J сега сугерира дека директен наследник на моделот Nord N10 ќе го носи името Nord N1.

Од друга страна, не е познато дали оваа година ќе го имаме моделот Nord N10 или N100. Доколку се појави N10 моделот од средниот сегмент, дали N1 ќе биде префрлен во повисока категорија?

OnePlus линијата за 2021 година веќе делува пренатрпана, бидејќи во понудата ќе се придружи и OnePlus 9E, заедно со вообичаените OnePlus 9 и 9 Pro модели. Моделот 9E ќе биде најслаб во рамките на главната серија, што го става во рангот на повеќе премиум Nord N1 моделот.

Ова го покренува прашањето дали оригиналниот Nord ќе има наследник или не. Во секој случај, одговорите на ова и останатите прашања веројатно ќе добиеме во текот на втората половина од годината, кога се очекуваат новите Nord смартфони.