Google ќе ги официјализира Pixel 5 и Pixel 4a 5G на настан на 30. септември, а во меѓувреме се појавуваат се повеќе информации за смартфоните.

Pixel 5 и Pixel 4a 5G сега се најдоа на листингот на неколку продавници во Европа, кои даваат информации за потенцијалната цена, опциите на бои, големината на складирањето и можниот датум на објава на смартфоните. Според наводите на BT во Велика Британија, телефоните ќе се најдат во продажба од 15. октомври.

Pixel 4a 5G ќе чини 499 фунти за 128GB модел, додека Pixel 5 ќе има цена од 615 фунти. Pixel 5 ќе биде достапен во црна и зелена боја, додека 4a 5G ќе има бела и црна варијанта.

Кога е во прашање Европа, Pixel 4a 5G ќе има малопродажна цена од 499 евра, додека Pixel 5 ќе чини 629 евра. Овие информации е потребно да се земат со доза на резерва, додека Google не ги објави официјалните спецификации за уредите.