OnePlus веќе потврди некои спецификации за Nord 2 5G телефонот, кој ќе биде претставен на 22. јули. Компанијата сега објави и информации за батеријата на телефонот.

Nord 2 5G ќе има 4500mAh батерија, а OnePlus истакнува дека смартфонот ќе поддржува 65W брзо полнење. Ова ќе овозможи за 15 минути да се обезбеди целодневно користење на уредот.

Претходно беа потврдени карактеристиките за Nord 2 5G, како што се Dimensity 1200-AI чипсет, 6,43-инчен 90Hz AMOLED екран и три камери на задната страна со главниот 50MP Sony IMX766 сензор со OIS поддршка.

OnePlus истакна и дека Nord 2 5G од старт ќе го користи OxygenOS 11.3, заснован на Android 11, а компанијата ветува две големи надградби на Android и три години безбедносни ажурирања.