Instagram од 2016. година може да го преведува текстот во постовите и описите, а сега доби уште една слична можност.

Instagram им понуди на корисниците опција за автоматски превод на текст, како дел од stories приказните. Секогаш кога ќе се детектира странски јазик во некоја објава, на корисникот ќе му биде прикажана опцијата See Translation во горниот лев агол на екранот. Корисниците можат да ја допрат опцијата, а потоа во дното ќе се прикаже преводот на испишаниот текст. Новата опција ќе биде достапна ширум светот, а засега поддржува повеќе од 90 јазици.

Да потсетиме, Instagram од 2016 година нуди автоматски превод на коментари, описи, биографии и постови на корисници.

Аудио-преводот засега не е достапен, но се очекува и оваа опција.