Vivo во Кина официјално ја претстави S10 серијата телефони. Претставени се два модела од средниот сегмент – стандардниот Vivo S10 и S10 Pro. Смартфоните имаат дебелина од 7,29 милиметри и тежина од 173 грама.
Двата уреда користат 6,44-инчен 90Hz Super AMOLED екран, имаат 44MP селфи камера, ги покренува Dimensity 1100 чипсет и ги напојува 4000mAh батерија со поддршка за 44W брзо полнење.
На полето на камерите, се издвојува S10 Pro, кој користи 1/1.52-инчен 108MP ISOCELL HM2 сензор со 9:1 спојување на пиксели. Стандардниот модел има 64MP главна камера. Тука се и 8MP ултраширок сензор и 2MP макро камера на двата модела.
Од предната страна се наоѓа споменатиот селфи сензор од 44MP со автофокус, кој има поддршка за HDR содржини и снимање 4К видео. Тука е и 8MP ултраширока камера, како и двојниот LED блиц.
Во комбинација со MediaTek Dimensity 1100 чипот пристигнуваат 8GB или 12GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Двата уреда имаат OriginOS, заснован на Android 11, а сензорите за отпечатоци од прсти се имплементирани под дисплејот на двата уреда.
Vivo S10 и S10 Pro пристигнуваат во бела, црна, лимета и градиент варијнати на бои. Телефоните ќе се најдаѕ во продажба од 23. јули, по почетна цена од околу 433 долари за Vivo S10 во 8GB/128GB варијанта и околу 618 долари за S10 Pro во 8GB/128GB верзија.