Македонката Гордана Чавкоска доби пофалници на овогодишниот светски натпревар за фотографии направени со iPhone, на кој учествуваат фотографи од над 140 држави од целиот свет.

Прогласувањето на победниците беше на 18 јули во Њујорк. Чавкоска доби три пофалници во три различни категории: панорама, животен стил и дрва.

Сите три фотографии се наоѓаат во годишниот каталог на веб-страницата на натпреварот – ippawards.com.

На две фотографии на Чавкоска е претставен Градскиот парк во Скопје во една волшебна зимска атмосфера, а третата фотографија е од Трпејца, Охрид.