Неодамна се појавија информации кои потврдуваат дека AMD Zen 4 Raphael десктоп процесорите ќе бидат лимитирани на 16 јадра, со два CU (compute units).

Претходните гласини сугерираа дека ќе постои 24-јадрен модел со 3 CU, но изгледа дека тоа нема да се случи. Иако бројот на јадра нема да се зголеми, некои измени би можеле да овозможат зголемување на TDP на 170W, што ќе овозможи и зголемување на перформансите.

Се очекува дека AMD ќе ги објави своите 5nm Zen 4 Raphael десктоп процесори во текот на 2022. година, а ќе има поддршка за PCIe 5.0 и DDR5.

Процесорите ќе користи ново AM5 LGA1718 подножје, а ќе се натпреварува на пазарот со Intel Alder Lake-S наследникот –  Raptor Lake – кој би можел да има 24 јадра.