Британската компанија „Bullitt Mobile“, која ги произведува смартфоните со брендот CAT вчера претстави два нови уреди во средниот сегмент, кои повторно обезбедуваат зголемена цврстина на куќиштето, но по прифатлива цена.

CAT S41 е наследник на моделот S40 и нуди батерија со капацитет од 5000 mAh која е погодна за полнење на други уреди, 8-јадрен чипсет MediaTek со фреквенција 2,3GHz, 3GB RAM, 32GB меморија за скласдирање, 13MP главна камера и 5-инчен full HD дисплеј со Gorilla Glass 5.

Испораките почнуваат од 11 септември по цена од 449 евра.

CAT S31 го подобрува S30 со својата батерија со капацитет од 4000 mAh, а меѓу останатите карактеристики влегуваат 4,7-инчен HD дисплеј со Gorilla Glass 3, 4-јадрен чипсет Snapdragon 210, 2GB RAM, 16GB меморија за складирање и две камери со резолуција 2МР и 8MP. Телефонот ќе чини околу 329 евра, а продажбата ќе започне подоцна оваа година.

CAT, исто така, го претстави својот прв таблет. Уредот се нарекува CAT T20 и работи со Windows 10, а меѓу неговите карактеристики се LTE модем, IP67 сертификација за водоотпорност, 8-инчен дисплеј, 64GB внатрешна меморија, 2GB RAM и чипсет Intel Atom Z8350. Цената на CAT T20 ќе изнесува 649 евра.