Huawei за 26. март закажа онлајн презентација, во текот на која ќе ги претстави P40, P40 Pro и P40 Premium смартфоните. Досега воглавно имавме прилика да ја видиме задната страна на P40 линијата, но сега дојавувачот Еван Блас ни овозможува преку нови фотографии да видиме како изгледаат P40 и P40 Pro од предната страна.

Според она што го покажуваат рендерите, Huawei P40 ќе задржи рамен или многу малку закривен дисплеј, додека P40 Pro ќе има целосно закривени рабови на екранот.

Со исклучок на споменатото, фотографиите не откриваат премногу други детали. Тука е нешто поголем отвор за две селфи камери на P40 Pro моделот. Исто така, јасно е видливо индикација за сензор за отпечатоци од прсти во екранот кај Pro моделот.

Кога се во прашање карактеристиките, се очекува дека Huawei P40 линијата ќе има нов 50MP RYYB сензор за камера, 120Hz освежување на OLED екранот и Kirin 990 5G чипсет.