Иако Microsoft вклучи поскап „Elite“ Xbox контролер во својата понуда, Sony досега се држеше до своите стандардни контролери за игри. Сепак, тоа наскоро ќе се промени.

Според извештаите објавени неодамна, Sony работи на „pro“ контролер. Контролерот DualSense, кој доаѓа со PlayStation 5, веќе е голема надградба во однос на DualShock 4.

Контролерот PS5 имплементира тригери кои нудат отпор, како и други подобрувања на тактилниот одговор. Сепак, сè уште има некои карактеристики што може да се подобрат.

Според наводите Sony работи на нов DualSense Pro контролер, кој треба да додаде копчиња на палецот што може да се заменат, „trigger stops“, заменливи рачки и дополнителни копчиња на задниот дел од контролерот.

Многу од овие функции се веќе карактеристики што ја красат серијата контролери на Xbox Elite, а може да се најдат и на контролери од некои други производители.

Новите DualSense Pro контролери се очекува да бидат претставени кон крајот на овој месец, а во продажба би требало да се најдат набргу по официјалното објавување.