Се појавија нови извештаи кои сега укажуваат на тоа дека Apple во септември би можел да ги претстави новите и веќе најавувани редизајнирани MacBook Pro лаптопи.

Извештајот тврди дека Apple работи на два MacBook Pro модели – еден од 14 инчи и еден од 16 инчи. Моделот од 14 инчи ќе претставува нова опција на големина во MacBook серијата. Останува прашањето што ќе значи ова за 13-инчниот модел, бидејќи е малку веројатно дека Apple ќе задржи три различни модели во рамките на MacBook Pro линијата.

Секако, можно е информациите од овој извештај да се неточни, со оглед на тоа дека ништо од наведеното не е потврдено од компанијата од Купертино.

Она што е интересни е изборот на септември за објава на новите лаптопи. Apple обично го резервира септември за новата iPhone линија, така што останува да се види дали објавата на MacBook Pro лаптопите во ист месец ќе го одвлече вниманието од новите iPhone модели.