Компанијата Philips претстави два нови монитора од својата Momentum гејминг серија. Премиум моделот од оваа серија е Philips Momentum 558M1RY, кој повеќе делува како замена за ТВ.

Philips Momentum 558M1RY има екран од  55 инчи, со 4K реозлуција, HDR1000 поддршка, 120Hz освежување, FreeSync поддршка, а тука е и Bowers & Wilkins саундбарот. Ambiglow осветлувањето се шири околу екранот, така што дополнителното амбиентално осветлување се гледа и околи ѕидот каде што ќе се постави мониторот. Philips Momentum нуди 2.5ms инпут латенција преку HDMI и 1.5ms преку DisplayPort, што значи дека лагот е значајно помал отколку кај поголем дел од телевизорите, дури и во гејминг модот.

philips2_11.jpg

Другиот дисплеј е стандарден монитор. Philips Momentum 278M1R моделот е оптимизиран за e-sports наслови, а пристигнува во покомпактен 27-инчен формат. Мониторот има 1ms G2G одзив и 130mm сталак со подесување на свртувањето и навалувањето. Тука се и 4K, HDR, FreeSync и 120Hz освежување, што прави одличен кандидат за PC или конзолите од следната генерација.

Philips Momentum 55-инчниот Console Gaming монитор се очекува до крајот на јуни по цена од 1299 евра, Philips Momentum 278M1R од 27 инчи пристигнува во јули, по цена од 449 евра.