Претходно дознавме дека претстојната Galaxy Watch4 серија паметни часовници ќе има и Classic варијанта, покрај Watch4 и Watch4 Active моделите. Сега се појавија фотографии кои го прикажуваат Galaxy Watch4 Classic во целосен сјај, со ротирачка рамка и две големи копчиња од страна.

Watch4 Classic ќе го користи Samsung One UI Watch софтверот, преку Google Wear OS платформата. Ќе постојат три големини на паметниот часовник, а според наводите, уредот ќе биде понуден во опции од 42мм, 44мм и 46мм. Ќе постојат и три опции на бои – црна, сива и бела.

Кога е во прашање материјалот на изработка, се очекува дека куќиштето ќе биде од нерѓосувачки челик или алуминиум, додека ременот од 20мм ќе биде достапен во две големини (S/M и M/L). Екранот ќе биде заштитен со Gorilla Glass DX или DX+ стакло.

Galaxy Watch4 Classic има 5ATM водоотпорност, а Samsung го опреми паметниот часовник и со MIL-STD-810G сертификат за издржливост.