Xbox Series X и Series S конзолите на Microsoft поддржуваат 4K Dolby Vision @120Hz, но досега ниеден телевизор немаше поддршка за овие две функции одеднаш. Сега LG објави дека испорачува фирмвер на ажурирањето кое го отклучува Dolby Vision HDR во 4K 120Hz на најновите OLED модели на компанијата од 2021 C1 и G1 серијата.

Ажурирањето на фирмверот, на верзијата 03.15.27, овозможува C1 и G1 сериите на OLED TV модели да бидат првите телевизори на светот кои се способни да поддржат Dolby Vision HDR во 4K 120Hz на компатибилните платформи, според наводите на компанијата LG.

Покрај тоа, LG ја тестира функцијата и на другите годинашни модели, вклучувајќи ја OLED Z1 серијата, QNED Mini LED QNED99 серијата и NanoCell NANO99 серијата, а сите би требало да го добијат ажурирањето во текот на јули. Дополнителни тестиови за Dolby Vision гејминг се вршат и за TV моделите од 2020. и 2021. година, во 60Hz или 120Hz.

Истиот фирмвер го овозможува и Game Dashboard, кој претставува лебдечко мени кое на сопствениците на LG уреди им помага да ги оптимизираат подесувњата. Оваа опција работи на било кој 2021 LG TV со Game Optimizer, овозможувајќи им на корисниците префрлање помеѓу жанровите на игри (стандарден, FPS, RPG или RTS). Можно е да се види и статус за модовите како што се black stabilizer, low latency и VRR.