Ако сакате нешто да нацртате или илустрирате, а не сте умешни во тоа, компјутерот ќе може да ви помогне. Треба само да следите на кои детали сте фокусирани и да предвидите што сакате да нацртате.

Истражувачите од Хелсинки развиле техника со помош на која што компјутерот ја моделира визуелната перцепција на набљудување на сигналите од човечкиот мозок. Едноставно кажано – компјутерот се обидува да ги прочита човечките мисли, пренесува „Science Daily“.

Техниката е комбинација од природните човечки одговори и компјутерската способност да создаде информација. Во експериментот, испитаниците биле замолени да гледаат во фотографии кои што ги создал компјутерот, а откако луѓето реагирале, компјутерот според таа повратна информација почнал да креира нова фотографија во состав со сигналите на испитаникот.

Според тоа, компјутерот може да создаде целосно нова фотографија која што се поклопува со човечката намера т.е. мислење, пренесува Тук Рукал, истражувач од Универзиетот во Хелсинки.

Горенаведениот пример е само една од можностите која што може да ја користи оваа технологија. Тоа што би било општествено корисно е фактот што компјутерите со помош на оваа метода можат да вградат креативност.

„Доколку сакате да нацртате или илустрирате нешто, компјутерот може да ви помогне во тоа“, вели истражувачот Мајкл Спејп.

Извор: Alo.rs