Следната генерација на американски stealth бомбардери речиси е подготвена за лет.

Компанијата Northrop Grumman ги развива првите B-21 Raider stealth бомбардери кои наскоро ќе полетаат на тестни летови откако ќе се заврши нивното склопување.

Се работи за два тестни примерока, но Американските воздушни сили имаат намера да произведат уште вакви авиони, кои на крајот ќе ги заменат B-1 и B-2 бомбардерите. Досега интересот за B-21 бомбардерите е зголемен за 50 проценти во однос на првобитниот план. Новиот бомбардер ќе биде вооружен со конвенционално и нуклеарно оружје, а првите летови се очекуваат во 2022. година.

Американските воздушни сили сакаат да имаат 149 нови B-21 Raider бомбардери.