Slilpp – најголемата онлајн продавница на украдени податоци, конечно е изгасена.

Slilpp постоеше од 2012. година и се проценува дека сопствениците на овој сајт заработиле милиони долари.

Продавале украдени податоци, од обични налози за онлајн плаќање до податоци за кредитни картички, тековни банковни сметки…

За девет години, се проценува дека преку овој сајт е направена штета од 200.000.000 долари – продадени се повеќе од 80 милиони логин податоци.

Od Slilpp настрадале околу 1500 компании.

Интернет експертите предводиени од стручњаците од САД, конечно ја соборија оваа веб-страница и сега е под контрола на FBI.