Во пресрет на обележувањето на тригодишнината од постоењето, Realme одржа 5G настан во партнерство со GSM Association, Qualcomm и Counterpoint Research. Во текот на настанот, компанијата ги откри своите амбиции за 5G конекцијата да биде достапна за милиони корисници ширум светот.

Realme објави дека целта на компанијата е да има над 100 милиони активни корисници на 5G до 2024 година, како и да ја зголеми понудата на своите 5G уреди за 70 проценти на 50 пазари во текот на следната година.

Достапните 5G уреди ќе продолжат да бидат во фокусот на брендот, а целта е 5G телефонот на Realme да чини околу 100 американски долари во наредните години.

Realme ги претстави и плановите за издавање на два нови телефони од серијата GT, вклучително и врвен телефон ориентиран кон перформансите, кој ќе биде претставен подоцна во текот на месецот, како и премиум модел со фокус на камерите што се очекува во јули.

Realme фокусираше до 90% од своите ресурси за истражување и развој на 5G производи во следните две години, а компанијата планира да отвори 5G центри за истражување и развој низ цела Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Извор: Benchmark.rs