На компанијата Apple неодамна и е одобрен патент за Methods of biometric imaging of input surfaces”, кој го објаснува акустичниот систем на мапирање фотографии од висок формат, како што е сензорот за отпечатоци од прсти.

Патентот објаснува дека акустичниот трансдуктор/претворач може да ги конвертира електричните сигнали во механичка енергија и обратно. Механичките бранови би ги претставувал прстот поставен на дисплеј, а потоа тие би се претвориле во електричен сигнал. Овие сигнали потоа би биле реконструирани во фотографија од отпечаток од прст, кој би се користел за верификација.

Патентот дури опишува и дека технологијата би можела да разликува и работи кои не се само отпечаток од прст, вклучувајќи фотографии од дланка, уво, образ или лице. Патентот ја опишува и технологијата, која има потенцијал да ги очитува виталните елементи на лицето, како што се отчукувањето на срцето и вдишувањето.

Засега не се очекува дека Apple ќе го имплементира сензорот во екранот на следниот iPhone, со оглед на тоа дека пријавата за патентот е поднесена во третото тримесечје на 2016. година (кога се објавени iPhone 7 и 7 Plus). Можно е дека Apple планирал да уфрли сензор за отпечатоци во дисплејот во текот на развојот на iPhone X моделот, но компанијата на крајот се одлучи за Face ID.