Нов Vivo телефон, со ознака на модел V2123A, се појави во TENAA базата на податоци. Листингот ги открива и спецификациите и фотографиите на телефонот однапред, како и одзади.

Врз основа на фотографиите, Vivo V2123A има punch-hole дисплеј со отвор во центарот за селфи камера од 8MP. Екранот е од LCD тип, со FHD+ резолуција.

На задната страна се наоѓа четвртест систем на камери, во кој се сместени 64MP главна и 2MP секундарна камера. Сензорот за отпечатоци се наоѓа од страната на рамката.

Vivo V2123A го покренува MediaTek Dimensity 900 чипсет, во комбинација со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање податоци. Уредот ќе го напојува батерија од 4910mAh со поддршка за брзо полнење

Со оглед на тоа што Vivo V2123A телефонот е веќе сертификуван од TENAA агенцијата, се очекува да биде претставен веќе овој месец.