Facebook соопшти дека ќе преземе „посилни“ активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата.

Facebook ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални медиуми.

Иницирани се и начини да ги информира луѓето за тоа дали користат содржина што е оценета со проверка на фактите. Бројот на неточни тврдења и теории на заговор се зголеми на платформите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Facebook и Twitter, за време на пандемијата со Ковид-19.

„Без разлика дали станува збор за неточна или погрешна содржина за Ковид-19 и вакцините, климатските промени, изборите или други теми, ние осигуруваме дека помалку луѓе гледаат лажни информации во нашите апликации“, се вели во соопштението на компанијата.

Претходно оваа година, Facebook објави дека поништил 1,3 милијарди лажни приофили помеѓу октомври и декември.