Според најновите информации, наскоро би можеле да добиеме нов Samsung Galaxy Watch. Гласините за наследникот на Watch 3 моделот стануваат сè почести, а најновата пристигнува од доверлив извор кој сугерира дека нема да мораме да го чекаме август за да го добиеме Galaxy Watch 4.

Galaxy Watch 3 беше објавен во август 2020 година, па претпоставка беше дека и неговиот наследник ќе пристигне во тој временски период. Сепак, дојавувачот IceUniverse верува дека Watch 4 ќе пристигне во текот на вториот квартал од оваа година. Исто така, сугерира и дека двата нови паметни часовници ќе го носат имињата Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch Active 4.

Се очекува дека Galaxy Watch 4 може да има функција на очитање на гликоза во крвта, ЕКГ, Fall Detection (детекција на пад) и мерење на кислород во крвта (SpO2). Функцијата за мерење на телесната температура би можела да недостасува. Исто така, некои гласини сугерира дека Samsung може да го исфрли својот TizenOS и да ја спроведе Google WearOS платформата.