Samsung Galaxy Z Fold3 би требало да има камера под екранот за внатрешната „предна“ камера. Дојавувачот @FrontTron во последните неколку месеци собираше информации за сите пет камери на следниот премиум флексибилен уред на Samsung.

Првата селфи камера ќе има 16MP сензор, кој е сместен под дисплејот. Samsung неодамна ја прикажа својата технологија, во текот на SID 2021 конференцијата. Технологијата го носи заштитниот знак „Under Panel Camera” (UPC).

На телефонот ќе постои и друга селфи камера, која ќе има 10MP punch-hole сензор на екстерниот дисплеј.

Кога станува збор за другите камери на задниот дел од Galaxy Z Fold3, се сугерира дека тие нема да бидат претерано импресивни. Системот ќе се состои од 12MP сензор и 2x телефото објектив.

Според последните гласини, смартфонот ќе има 6,2-инчен екстерен и 7,5-инчен внатрешен дисплеј, а двата ќе нудат освежување од 120Hz. Внатрешниот дисплеј ќе има поддршка и за S Pen паметното пенкало.