Samsung Galaxy A22 5G сè уште не е официјално претставен, но се очекува дека наскоро ќе биде објавен. Името на телефонот сугерира дека ова ќе биде досега најевтиниот 5G модел на Samsung, а сега се појави листинг на малопродажниот сајт во Европа, што тоа и го потврдува.

Уредот е наведен по цена од 185 евра (без даноци и други давачки), што сугерира конечна цена од околу 229 евра. Цената секако ќе варира од земја до земја и во некои земји може да биде и пониска, но не се очекува да се спушти под 199 евра.

И покрај тоа, ова ќе го направи Galaxy A22 досега најевтиниот 5G телефон на Samsung. Galaxy A32 5G во моментов може да се најде по цена од 238 евра (иако по објавата чинеше 279 евра).

Galaxy A22 5G се очекува со MediaTek Dimensity 700 чипсет, 64 GB основнен простор за складирање, 6,4-инчен FHD+ LCD екран, три камери на задната страна (главна 48MP + 5MP макро + сензор за длабочина од 2MP) и 5000mAh батерија со поддршка за 15W полнење.