Според наводите на дојавувачот @OnLeaks, Huawei P50 Pro ќе биде помал од неговиот претходник, а првиот рендер на телефонот укажува на уште некои карактеристики на претстојниот премиум модел.

Дисплејот ќе има дијагонала од 6,6 инчи, додека левиот и десниот раб на екранот се закривени, но оставаат доволно простор за хардверските копчиња од страната на рамката.

Овој дизајн го одржува телефонот да биде што е можно покомпактен. Димензиите се наводно 159 милиметри во висина и 73 мм во широчина.

Покрај горенаведеното, P50 Pro ќе има уште две видливи разлики во споредба со P40 Pro. Најпрвин, punch-hole отворот за две селфи камери ќе биде заменета со еден отвор. Второ, ќе има традиционална слушалка, која го менува акустичниот дисплеј што беше претставен со P30 Pro моделот.

Се сугерира дека Huawei P50 Pro ќе користи Samsung и LG OLED дисплеи, а ќе го покренува Kirin 9000 чипсет.