Poco неодамна најави дека Poco M3 Pro 5G, кој пристигнува на 19. мај, ќе го покренува Dimensity 700 чипсет. Сега дознаваме дека паметниот телефон ќе има 6,5-инчен DotDisplay со FullHD+ резолуција и брзина на освежување од 90Hz.

Poco истакна и дека екранот ќе ја има функцијата DynamicSwitch, која нуди „пофлексибилно искуство на гледање“. Звучи малку нејасно, но постерот што го дели компанијата сугерира дека DynamicSwitch автоматски ќе ја прилагоди брзината на освежување на дисплејот, во зависност од апликацијата.

Покрај тоа, Poco потврди и дека M3 Pro 5G ќе има батерија од 5.000 mAh со 18W полнење.

Poco се уште не го откри остатокот од спецификациите на M3 Pro 5G, но се наведува дека телефонот е ребрендиран Redmi Note 10 5G со поинаков дизајн. Ако е тоа точно, ќе се добие странично поставен читач на отпечатоци од прсти, тројна камера од 48MP и селфи камера од 8MP.

Неодамна протечениоте рендери на Poco M3 Pro 5G открија дека паметниот теелфон навистина ќе има бочно поставен скенер за отпечатоци и ќе биде достапен во најмалку три бои.