Samsung 65W USB Power Delivery полначот доби уште еден сертификат, овој пат од германската агенција TUV SUD.

Полначот, со ознака на моделот EP-TA865, претходно беше сертифициран во Јужна Кореја. Веќе знаеме дека поддржува PPS (Programmable Power Supply) и може во врв да ги наполни уредите @20V и 3.25A (65W).

Засега не е познато кога полначот ќе стане достапен за пошироката популација, ниту пак кои уреди ќе можат да ги искористат предностите на неговото полнење. Galaxy S21 серијата поддржува до 25W (заедно со EP-TA800 адаптерот), а јужнокорејската компанија има и 45W (EP-TA845) адаптер.

Можеби новиот 65W полнач ќе биде искористен за полнење на премиум модели од втората половина на годината, како што е Galaxy Z Fold3.