Познатиот дојавувач од Weibo мрежата објави две фотографии од пакувањето на претстојните Huawei FreeLace Pro безжични слушалки, кои откриваат доста детали.

Судејќи според предната страна на пакувањето, забележителни се некои измени во споредба со постарите FreeLace слушалки. Другата страна на кутијата покажува дека слушалките поддржуваат контрола со движења, со постоечките хардверски контроли. Тука е и USB-C опцијата на полнење, што е една од главните одлики на FreeLace моделите.

Слушалките ќе поддржуваат активно стивнување на врева, во текот на повиците и слушањето музика. На уредот постојат три микрофони кои ова ќе го овозможуваат, а тука е и опцијата на блокирање на амбиенталните звуци со пропуштање само на човечкиот говор.

Големината на драјверите на слушалките изнесува 14,2 милиметри и ќе обезбеди одличен бас и квалитет на звукот, додека батеријата ќе биде доволна за слушање музика во период од 24 часа. Huawei FreeLace Pro слушалките се очекуваат по цена од околу 90 евра.