Pixel телефоните кои се дизајнирани и креирани од компанијата Google, би требало да ги претставуваат идеалните Android уреди. Барем според она како тоа го замислува Google. Ова без сомневање функционира на полето на софтверот, но во доменот на хардвер приказната е сосема поинаква.

Со ова се сложува и Зак Нелсон од YouTube каналот JerryRigEverything, кој е познат по своите специфични тестови на издржливост на телефоните. На тестот сега се најде и Pixel 4 XL моделот.

Откриено е дека обоените рабови на телефонот се гребат многу побрзо отколку кај моделите со анодизиран метал, што значи дека ќе биде потребна и посилна заштитна маска за да се сочува уредот. Силно куќиште ќе биде неопходно и за заштита од кршење и свиткување.

Pixel 4 XL во текот на тестот на свиткување не се превитка на половина, но испука на четири места каде што се наоѓаат пластичните антени. За телефон чија почетна цена е 899 долари, се очекува многу подобра заштита од потенцијални незгоди.